Еден од најпознатите афроамерикански дизајнери во Америка, Вирџил Абло, кој дизајнира за „Луј Витон“, ја поддржа борбата за правата на Афроамериканците со донација од 50 долари. Тој се пофали на „Инстаграм“ дека донирал, но неговата донација наиде на бројни критики.
„Не можам да верувам дека донирав повеќе пари од Вирџил Абло, и невработен сум!“, „Вирџил како се осмелуваш“, се некои од коментарите на „Твитер“.
Реакциите на јавноста доаѓаат откако многу светски sвезди и јавни личности донираа илјадници долари за да им платат кауција на демонстрантите кои беа уапсени за време на протестите поврзани со убиството на Џорџ Флојд во Минесота. Скромната донација на Абло, кој заработува многу во светски познатата компанија стана цел на потсмев.