Дизајнер подарува венчаници на невести што морале да ја одложат свадбата

Познатиот дизајнер, Брендон Максвел, кој го креираше фустанот за Лејди Гага на минатогодишната Мет Гала, реши да им подари венчаници на неколку невести што морале да ја одложат свадбата поради пандемијата. Според магазинот „Ин Стајл“, Максвел ќе додели три венчаници преку својот инстаграм-профил на оние што ќе му ја пратат најдобрата приказна во видео, слика или преку писмо, како и детали за венчавката.

Неговите колеги Џиџи Бурис Милинери и Ева Фехрен на истите невести ќе им подарат вел и прстени.

Инаку, покрај ова, тимот на Максвел му помага и на медицинскиот персонал во Америка, така што прават маски и ракавици.

Scroll to Top