Добро е, ми се врати слухот, Крис Рок првпат се пошегува за шлаканицата од Вил Смит

Крис Рок за првпат се пошегува дека му се вратил слухот откако Вил Смит му удри шамар на 93 Оскари во Лос Анџелес, пренесе британски „Мирор“. Комичарот на еден од неговите настапи во Калифорнија, рече дека бил добар и дека конечно слухот му се вратил.

„Добро сум, имам цело шоу и нема да зборувам за тоа додека не бидам добро платен. Животот е добар и ми се врати слухот“, рече Крис и додаде дека не сака многу да зборува за тоа.

За потсетување, Вил Смит му удри шамар на Крис Рок, откако овој со неумесна шега ја навреди неговата сопруга Џеда Пинкет Смит за нејзината избричена глава. Тој ја спореди со Деми Мур, која исто беше со избричена глава во Џи- ај Џејн“, велејќи дека едвај чека да ја види во вториот дел.

Потоа Академијата го осуди нападот и му забрани на Вил Смит да присуствува на Оскарите во следните 10 години. Вил поднесе оставка од Академијата и му се извини на Крис.

Scroll to Top