Доколку Меган продолжи да го засенува, Хари може да стане огорчен, војводата и војвотката преупредени

Војводата и војвотката од Сасекс се најдоа на насловните страници за време на нивната посета на Нигерија, а тоа предизвика шпекулации бидејќи некои набљудувачи забележаа дека Хари изгледа „загрижен“ додека Меган навидум го краде центарот на вниманието. Ова беше првото официјално меѓународно излегување на дуото, по нивното драматично напуштање на кралските должности пред четири години.

Кралскиот коментатор Данкан Ларкомб, како што обајвуваат британските медиуми, за оваа посета вели: „На 39 години Хари изгледа како да му е удобно на игра ‘втора виолина’ на неговата доминантна, 42-годишна сопруга. Меган е многу силен карактер, многу енергична и крајно амбициозна,  а тоа се карактеристики кои што значат дека таа речиси секогаш ќе го засенува Хари и ќе го краде вниманието од него. Хари е целосно во нејзина сенка, но тој никогаш не се чувствуваше пријатно кога беше во центар на вниманието, никогаш вистински не уживаше во тоа“.

Следејќи ја динамиката на парот, д-р Сона Капур, клинички психолог вели дека од ваквото однесување, кога едната личност ја засенува другата во врската, се можни две сценарија како исход.

„Ако Хари е задоволен што Меган го надминува, тоа значи ‘силна самоувереност и взаемна поддршка’ Ако не се менаџира добро, тоа може да додаде притисок кој има потенцијал да предизвика чувство на несоодветност или огорченост. За успех, потребна е отворена комуникација меѓусебна поддршка и обезбедување сигурност дека двајцата партнери имаат можност да ги следат своите интереси и да блеснат“, објаснува Капур за британските медиуми.

Коментаторот Ларкомб посетата на Нигерија ја нарече  „шоуто на Маган“ во кое Хари бил тргнат настрана, а Меган ја оцени како магнет за внимание.

Scroll to Top