Документите за развод сè уште ги немам потпишано, а и децата сакаат да не гледаат заедно, Кание сака да ѝ се врати на Ким

Американскиот рапер Кание Вест неодамна во едно интервју кажа дека повторно сака да бидат заедно со неговата сопруга Ким Кардашијан. Тој вели дека документите за развод сè уште ги немал ни видено, а и децата сакаат тие повторно да се заедно.

„SNL ja тера мојата сопруга да зборува дека сме разведени, а јас сè уште документите ги немам видено. Сè уште не сме разведени. Моите деца сакаат родителите да им бидат заедно“, рече Кание за „Револт ТВ“.

За потсетување, тие објавија дека ќе се разведат на почетокот на годинава, а Ким документите ги предаде во февруари. Двојката ги има Норт (8), Сент (5), Чикаго (3) и Псалм (2), а заедно беа седум години. Двајцата продолжија да бидат во добри односи и понатаму.

Scroll to Top