Доли Партон се облече во костимот на плејбој-зајачица, со кој позира пред 43 години

По 43 години, американската кантри-пејачка Доли Партон повторно блесна како плејбој-зајачица за својот сопруг.

Пејачката го облече истиот костим како во 1978 година кога позира за познатото списание.

„Се сеќавате ли кога пред некое време реков дека ќе позирам за списанието ‘Плејбој’ кога ќе имам 75 ​​години? Е, па, јас имам 75 години, ама списанието го нема, а мојот сопруг отсекогаш ја сакаше таа оригинална насловна на ‘Плејбој’, па затоа се обидов да смислам нешто за да го направам среќен. Тој сè уште мисли дека сум згодна девојка и по 57 години – и нема да се обидам да му го оспорувам тоа! Мислите ли дека ‘Плејбој’ треба да ми плати барем за оваа фотосесија? Да!“, вели таа во видеото поставено на нејзиниот твитер-профил.

Минатата година Доли во шоуто на Скот Милс и Крис Старк на „Би-би-си рејдио 5“ навести дека сака повторно да позира за „Плејбој“ во чест на нејзиниот 75-ти роденден.

„Значи, да, можно е, разговаравме за тоа“, рече тогаш таа.

Scroll to Top