Доналд Трамп доби црн појас од Светската теквондо-академија во Јужна Кореја

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп доби почесен црн појас во теквондо од „Кукивон“, Светската теквондо-академија со седиште во Јужна Кореја. Овој појас покажува дека Трамп го постигнал највисокото ниво во оваа борачка вештина.

„Претседателот на ’Кукивон‘, Ли Донг-суп, на 19 ноември на Флорида му додели почесен сертификат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. ’Чест ми е што го добив сертификатот, мислам дека теквондото е прекрасна борачка вештина за самоодбрана. Би сакал да видам демонстрација на теквондо-тимот на ‘Кукивон‘“, се вели во соопштението.

Веста за црниот појас на Трамп предизвика разни реакции во јавноста. Некои луѓе го одобруваат потегот, повеќето негодуваат, а имаше и такви што се потсмеваа со Трамп.

Scroll to Top