Доналд Трамп со Меланија дојде на погребот на неговата прва жена

Семејството Трамп се собра во црквата Сент Винсент Ферер за да ѝ оддадат последна почит на Ивана, која почина минатата недела откако падна по скалите во нејзиниот дом во Менхетен.

Присуството на службата во чест на Ивана е само со покана.

Проштален говор за Ивана Трамп треба да имаат нејзините три деца од бракот со Доналд Трамп, Доналд Јуниор, Ерик и Иванка. Целата богослужба всушност ќе биде прослава на животот, а некои кои тагуваат дојдоа од Европа. Наводно, на поканата е прикажана гламурозната Ивана како скијачка, пишува NY Post.

Поранешниот прв човек на Америка и милијардер Доналд Трамп помина 15 години со Ивана Трамп со која имаше три деца Иванка, Ерик и Доналд Јуниор Трамп.

Ивана Трамп почина на 14 јули на 73-годишна возраст, во својот дом. Смртта настапила по пад од скали, како што е потврдено од официјалниот извештај. Доналд Трамп беше во брак со Ивана Трамп од 1977 до 1992 година. По нивниот развод во 1993 година, тој се ожени со Марла Мејплс, брак кој траеше до 1999 година и ја роди ќерката Тифани. Од 2005 година е во брак со Меланија Трамп, со која го има синот Барон.

Scroll to Top