Дрејк крие дека има син со порно-глумица

Американските медиуми пишуваат дека раперот Дрејк има син со 28-годишната порно глумица Софи Брусо, позната под името Роузи Дивајн. Тие откриваат дека тој ѝ испраќал пораки и ја терал да абортира. Во некои од пораките дури и ѝ се заканувал.

„Оди по ѓаволите. Знаеш точно што правиш и мислиш дека ќе добиеш пари“, ѝ напишал тој.

Таблоидите пишуваат дека Софи и Дрејк биле неколкупати видени заедно текот на минатата година, кога почнаа гласините за бременоста.

Адонис, синот на Софи е роден на роденденот на Дрејк.

 

Scroll to Top