Дрејк се повлече од Греми-наградите поради конфликт со организаторите

By

Канадската музичка ѕвезда Дрејк, се повлече од своите 2 номинации за годинешното доделување на Греми наградатите поради конфликт кој настанал со организаторите.

dobivaj vesti na viber

Тој беше номиниран во категоријата за најдобар рап албум за Certified Lover Boy и за најдобра рап изведба за песната Way 2 Sexy. Засега неговите претставници не објаснија за што станува збор, а гласањето за најдобро музичко остварување ќе продолжи со само 4 кандидати.

Дрејк досега има освоено 4 Греми награди, но и неколку пати има влезено во конфликт со организаторите на доделувањето на престижни музички награди.

Пред година дена тој рече дека тие треба да бидат сменети со нешто ново, како што доаѓа и смена на генерациите. Тоа го кажа откако организаторите не го номинираа во ниту една категорија во 2021 година иако го имаше еден од најдобрите албуми и една од најдобрите песни во 2020.

Истовремено на пејачот му се закануваат и голем број тужби поради концертот кој го одржа минатиот месец во Тексас, каде во големата гужва животот го изгубија 10 обожаватели. Во 2017 година тој одби да го приајви својот албум More Life за Греми 2018 во било која категорија.

Тоа го направи затоа што Џеј-зи не освои ниту една награда, иако беше номиниран во 8 категории. Во интервју во 2017 година, рече дека го номинирале во категоријата за рапер, само затоа што бил црнец.

„Една категорија во која не можат да ме вклопат е рап категоријата, можеби затоа што во минатото сум рапувал или затоа што сум црнец“, рече Дрејк за радиото Beats 1.

На доделувањето на Греми наградите во 2019 година, тој повторно беше незадоволен затоа што црнечкиот хип-хоп на уметници не му даваат соодветни заслуги.

„Ние се натпреваруваме во спорт кој се темели на нечие гледиште, а не во спорт кој се темели на факти“, рече Дрејк кога ја зема наградата за најдобра рап песна God’s Plan.

„Тоа стана работа која понекогаш зависи од група на луѓе, која не разбира што дете од мешана раса од Канада има да каже нешто во врска со тоа. И веќе сте победиле ако постојат луѓе кои вашите песни ги знаат од збор до збор, ако пејаш во вашиот роден град. Веќе сте победници. Не ви е потребна никаква награда“, рече пејачот.

За потсетување, 64 свеченост на доделувањето на Греми наградите треба да се одржи во Лос Анџелес на 31 јануари.

Ќе ви се допадне