Дру Баримор: Сакам мајка ми да умре

Актерката Дру Баримор е искрена за своето бурно детство со нејзината мајка, откривајќи колку е љубоморна на пријателите кои веќе ги изгубиле своите родители.

„Сите нивни мајки ги нема, а мојата не. Јас го немам тој луксуз. Едвај го чекам тоа“, изјавила Дру за списанието Њујорк.

„Не сакам да живеам во состојба во која посакувам некој да замине пред да му биде судено, само за да можам да пораснам. Јас всушност сакам таа да биде среќна, да напредува и да биде здрава, но морам да растам и покрај тоа што сè уште е на оваа планета“, објаснила актерката.

Подоцна во интервјуто, актерката го сподели своето каење за нејзините остри коментари.

„Се осмелив да го кажам тоа и не се чувствував добро“, рече таа и додаде дека и понатаму се грижи.

Познатата актерка во минатото се отворила за растењето со нејзината мајка Џејд, која и била менаџерка и ја водела на холивудските забави, вклучувајќи ги и оние во Студио 54, кога била мала. На 12-годишна возраст, Дру веќе била на рехабилитација од дрога и алкохол, а на 13-годишна возраст нејзината мајка ја сместила во психијатриско одделение во Калифорнија.

„Мислам дека таа создаде чудовиште и не знаеше што да прави со тоа чудовиште“, изјави таа за Стерн во интервју во 2021 година. Иако Дру успеала да му прости на својот татко Џон Дејвид Баримор пред да почине во 2004 година, таа никогаш не се помирила целосно со мајка си.

Scroll to Top