Дуа Липа: Да останев во Косово немаше да успеам

Дуа Липа во интервју за ДПА изјавила дека во ниту еден случај не би успеала да стане пејачка ако како тинејџерка не си заминала од Кососво. Таа додала дека многу и пречи тоа што многу млади од Кососво  немаат таква можност.

Дуа Липа е родена 1995 година во Лондон. Родителите и се кососвски Албанци. На кратко родителите се вратиле во Косово, за потоа да решат да го продолжат животот во Лондон.

„Некој во едно интервју ми кажа: Изгледа дека имаш имигрантска родителска етика. А мене ми се чинеше дека тоа е многу невообичаен коментар“, се потсетува Липа.

Таа додава дека сватила што новинарот мислел.

„ Гледајќи ги родителите како паралелно работат неколку работи, дење и ноќе, сватив дека ништо не можеш да постигнеш на едноставен начин и дека за сѐ што сакате да постигнете мора многу напорно да работите“ вели таа.

Scroll to Top