Светската музичка ѕвезда Дуа Липа изјави дека работи на нов студиски албум кој наскоро треба да биде објавен. По повеќе успешни соработки, таа открива дека на новиот проект би сакала да работи со Пинк, Френк Оушн и Алиша Киз.
Пејачката која неодамна Би-би-си ја стави на листата највлијателни жени во светот на музиката, говореше за реиздавање на дебитантскиот албум каде што има дуети со Мигел, Блекпинк, Калвин Харис, Дипло, Мартин Гарикс и Шон Пол.
„Возбудена сум поради мојот прв концептуален албум, оти тоа е нешто сосем ново за мене и среќна сум за тоа“, рече Липа во скорешно интервју.