Дури и Кардашјани би сфатиле дека ова е под ниво, реагираат Британците

Војвотката Меган Маркл неодамна гостуваше во емисијата на водителката и нејзина пријателка со години, Елен Деџенерис, а реакциите за нејзиното појавување не престануваат.

Нејзиното однесување ги налути Британците, кои јасно ставија до знаење дека титулата војвотка не ѝ одговара, а сега се огласи и татко ѝ Томас Маркл, кој немаше убави зборови за Меган.

„Меган направи целосна будала од себе и треба да ја загуби титулата. Ја сакам ќерка ми, но нејзиниот настап беше смешен“, изјави Томас за британски „Сан“.

Војвотката се согласила да учествува во разни шеги, па, меѓу другото, со задевањето на продавачите на храна се согласила да прави секакви необични работи. Правела чучнувања, допирала предмети по лицето, а во еден момент пиела млеко од шишенце, а токму оваа сцена и ги налути Британците, а одговори и водителот Пирс Морган.

„Дебаклот со Елен ја откри желбата на Меган да биде позната реална личност на Ц-листата, а не кралска жена достојна за А-листата. Дури и Кардашјани би сфатиле дека нивната акробација со уличните продавачи е под нивна чест и ја нарушува нивната репутација. Ова е на ниво на деца и многу е срамно“, рече Морган.

„Целосно е понижувачки што некој од кралското семејство се однесува така не само затоа што Меган изгледа смешно туку и затоа што британската монархија изгледа смешно. Тоа веќе го кажав, а сега ќе повторам: кралицата мора што побргу да им ги одземе кралските титули пред оваа дрска и алчна кампања да уништи сѐ што направила кралицата“, заклучил Пирс Морган.

Scroll to Top