Двејн Џонсон ги купи сите „сникерси“ од дуќан на Хаваи за себе, па им ги плати сметките на муштериите

Американскиот глумец Двејн Џонсон, познат како „Карпата“ ги купил сите чоколади „Сникерс“ од дуќан на Хаваи. Глумецот влегол во трговскиот и ги земал сите производи од познатиот произведувач за благо, само за, како што вели, си ја смири совеста.

dobivaj vesti na viber

Целиот настан го снимил и видеото го објави на „Инстаграм“. Двејн ја исчистил целата полица со чоколадите, па на каса му требало време на продавачот да ги изброи. Двејн објасни дека сака да ја исправи грешката која ја направил додека бил тинејџер.

Рече дека неговото семејство било сиромашно и дека не можел да си дозволи да купи чоколадо кое му давало енергија пред вежбање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)

„Конечно го истерав овој чоколаден демон кој ме јадеше со децении. Минатото не можеме да го промениме, како ни глупостите кои ги имаме направено, но, понекогаш можеме да си дозволиме да направиме нешто за да се искупиме за тие ситуации и можеме да измамиме насмевка на лицата на другите“, рече Џонсон.

Освен што ги купи сите чоколади, Двејн им ги платил сметките на сите муштерии. Многу од фановите го пофалија, а други пак се шегуваа.

„Каков одличен гест. Легенда. Аха значи не си земал стероиди туку „Сникерс“. Тоа ти е тајната“, биле некои од коментарите.

Scroll to Top