Двејн Џонсон заработува по 25 милиони долари од филм

Актерот Двејн Џонсон, познат како „Карпата“, е најдобро платен актер во Холивуд во филмската индустрија. Неговата присутност во медиумите е во голем дел заслужна за тоа што заработува толкава количина на пари на блокбастерите кои ги снима, а во кои зарабтува и по 25 милиони долари по улога.

Џонсон истовремено се наоѓа на 15 место на листата на „Форбс“ на накдобро платени личности во 2018 година. Минатата година заработил дури 124 милиони долари.

Актерот на својот „Инстаграм“ ја сподели веста и ја искористи можноста да се заблагодари за успехот и посветеноста на тешката работа.

Во 2019 година ги снимал филмовите „Џуманџи: Добредојдовте во џунгата“ и „Брзи и бесни: Хобс и Шо“, а глумел и во филмот „Играчи“. Бил домаќин во NBC серијата The Tigan Games. Во оваа година досега има заработено 89,4 милиони долари.

Двејн својата кариера на јавна личност ја започна како американски фудбалер и по дипломата во 1995 година, тој потпиша за Galgary Stampederse. Во американскиот фудбал не се задржал премногу. Веќе истата година го направи дебито во WWF, денешно WWE, каде стана еден од најдобрите кечери и светска икона.

Џонсон ја достигна славата со учеството во легендарниот епизоди на WWE Raw и WWE SmackDown, пред да се посвети на филмската кариера. Во текот на својата боречка кариера, тој се занимавал со бодибилдинг, а и ден денес голем дел од времето го минува во теретана.

 

 

 

 

Scroll to Top