Двојник на Рос од „Пријатели“ ја збуни полицијата крадејќи пива низ продавници

Откако британската полиција објави фотографија од маж, кој речиси е идентичен со актеркот Дејвид Швимер, како граде гајба пиво, познатиот актер од серијата „Пријатели“, постави урнебесна снимка од себе си како во рацете држи лименки во една продавница во Њујорк.

„Полицајци се колнам дека тоа не сум јас. Како што можете да видите, јас сум во Њујорк. На британската полиција им поскаувам многу среќа во истрагата“, напиша Швимер во описот на видеото кое го сподели на Инстаграм.

На снимката се гледа како актерот носи лименки пиво во рацете и гледа во камерата додека минува покрај неа. Снимката веднаш предизвика воодушевување на социјалните мрежи. Британската полиција ја објави и фотографијата од вистинскиот крадец и побара помош во неговото фаќање.

 

 

Scroll to Top