Ед Ширан и покрај кризата им дава цела плата на вработените и ги охрабрува да волонтираат

By

Англискиот музичар Ед Ширан ќе им исплати цела плата на вработените во неговиот ресторан „Берти Блумс“ во Лондон. Тој им препорача, додека се дома, ако успеат да си најдат и друга работа или да волонтираат за време на кризата. Музичарот, чие богатство се проценува на 200 милиони фунти, на десетте вработени им рекол дека не треба да се плашат дека ќе останат без работа или пари додека трае пандемијата.

„Ед им рече на сите да не се грижат, тој ќе ги покрие нивните сметки и ќе ги види сите кога ќе помине оваа ситуација во светот и кога сè ќе се врати во нормала“, изјавил близок пријател на Ширан.

Ресторанот на Ширан е отворен во ноември 2019 година и е многу популарен кај познатите личности во Лондон.

Ќе ви се допадне