Светската музичка ѕвезда Ед Ширан минатата година плати повеќе данок од „Старбакс“ и „Амазон“, иако заработил помалку од нив. Ширан платил околу 5,29 милиони фунти данок, „Амазон“ платил 4,5 милиони фунти, а „Старбакс“ платил 3,3 милиони фунти во Велика Британија. Според британскиот весник „Сан“, Ширан лани заработил 27 милиони фунти, „Старбакс“ 162 милиони фунти, а „Амазон“ заработил близу 2 милијарди фунти во Британија.
И покрај големата сума што ја дал за даноци, Ширан изјавил дека има и повеќе од доволно за да живее удобно.
„Имам доволно за да живеам удобно и не ми требаат толку пари. Затоа ги давам во хуманитарни акции и на луѓе во мојата околина“, рекол Ширан пред неколку години.