Пејачот Ед Ширан почна да произведува домашно пиво на својот имот во Сафолк. Пивото е лично за него, а дел од количините се служи во пабот „Ланкастер Лок“, пишуваат британските медиуми.
Извор близок на 29-годишниот музичар, открил дека Ширан ужива во друштвото на своите пријатели, па и покрај пандемијата, повремено има гости кои и служи со своето пиво. Тој гостите ги пречекува во старата штала на имотот која уште во 2017 година ја реновирал во мини паб. Истиот извор раскажал и дека домашното пиво на музичарот не е воопшто лошо.
Инаку, музичарот пред кризата со короната отвори ресторан во Лондон, но по неполн месец работа го затвори. Тогаш на своите вработени им кажал дека не треба да се грижат дека ќе останат без работа и им плаќа цела плата додека повторно да се отвори ресторанот.