Ед Ширан собра 500.000 фунти во добротворни цели

Британскиот пејач и композитор Ед Ширан помогна да се соберат 500.000 фунти за добротворни цели за деца и млади со инвалидитет и тешки болести во источна Англија. Тој за акцијата Ed Sheeran: Made in Suffolk Legacy Auction даде на аукција 220 лични предмети и работи кои му се драги спомени, а ги собирал во текот на годините.

Ширан и самиот даде донацијата од 100.000 фунти за добротворната организација, која на крајот успеа да собере половина милион фунти. Најмногу пари на аукцијата беше слика што ја нацртал Ед, а се продаде за 40.000 фунти, како и рачно напишан текст на песната Perfect, кој се продаде за 23.500 фунти.

Другите најпопуларни понуди на аукцијата вклучуваа и уметнички принт од Демиен Хирст, кој се продаде за 20.000 фунти, страница од сценариото на филмот „Всушност, љубов“ за 17.000 фунти, и гитарата „ПРС силвер скај“ на Џон Маер за 5.100 фунти.

Scroll to Top