Еди Марфи стана татко по десетти пат

Актерот Еди Марфи стана татко по десети пат. Марфи кој има 57 години и неговата вереница Пејџ Батчер (39) минатата недела станаа родители на машко дете, на кого му дадоа име Макс Чарлс Марфи.

Макс тежи 2,72 килограми а е висок 48,6 сантиметри. Десетиот наследник на славниот комичар, средното име Чарлс го доби во чест на постариот брат на Еди, комичарот Чарли Марфи.

Чарли минатата година починал од леукемија.

„Мајката и синот се чувствуваат добро“, бил краткиот коментар напишан во официјалната изјава од семејството пуштено до јавноста.

Марфи и австралискиот модел Батчер се заедно уште од 2012 година, а Макс е нивното второ дете. Тие веќе ја имаат ќеркичката Она Марфи, која ја добија во мај 2018 година.

Најстарото дете на Марфи е Ерик, кој сега има 29 години.

 

Scroll to Top