Една година откако прележа корона, Брајан Кренстон сè уште нема чувство за вкус

Актерот Брајан Кренстон, ѕвеаздата на серијата Breaking Bаd, вели дека една година нема чувство за вкус. Тој и неговата сопруга, Робин Деарден, се заразија од Ковид-19 лани во март, а тој тогаш тврдеше дека имале многу среќа зашто ја поминале болеста со благи симптоми.

„Вкусот се врати до одреден степен, но не 100 проценти. Другото е добро“, вели 65-годишниот Брајан.

Тој и сопругата се заразија речиси во исто време кога и нивните пријатели Том Хенкс и Рита Вилсон. Брајан смета дека е добро што Хенкс бил подготвен отворено да зборува за своето искуство. Во интервју за магазинот „Телеграф“, глумецот рече: „Том се зарази пред мене. Кога јавно проговори за тоа, си помислив дека тоа е добро за општеството, ако еден богат и славен човек можел да се зарази, тоа може да ми се случи и мене и на кој било друг.“

Губењето на чувството за мирис и вкус, познато како аносмија, е еден од најчестите симптоми кај луѓе заразени од Ковид-19. Но некои студии откриваат дека тие симптоми не секогаш се губат по закрепнувањето.

Според најновата студија, речиси 90 % од луѓето што го изгубиле осетот за мирис и вкус како последица на коронавирусот целосно или барем делумно им се вратиле по еден месец, но 10 % од нив никогаш не го добиле назад.

Професорката Клер Хопкинс, претседател на Британското здружение за ринологија и една од истражувачите на долгорочни последици на Ковид-19, вели дека на луѓето што побргу закрепнуваат веројатно им биле заразени само клетките во внатрешноста на носот. Луѓето што побавно закрепнуваат, пак, веројатно вирусот им навлегол и во нервите одговорни за мирис. Затоа им треба подолго време за да се регенерираат“.

Scroll to Top