Една од најубавите жени на светот го украде шоуто на црвениот тепих во Венеција

Романската актерка и модел Мадалина Генеа, која е позната како една од најубавите жени на светот, прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција и ја воодушеви публиката со својот изглед.

37-годишната Мадалина се појави на премиерата на филмот Joker: Folie a Deux во тесен фустан со светки со долга, пуштена коса и насмеано им позираше на фотографите.

Покрај тоа, актерката се појави и на премиерата на филмот Queer, а беше облечена во беж фустан со качулка и со изрез што ги истакна нејзините долги нозе.

Убавата Романка беше во врска со Џерард Батлер и Леонардо ди Каприо, а на крајот се омажи за романскиот милијардер Матеи Стратан, со кој има 7-годишна ќерка.

Scroll to Top