Едвај чекам Роналдо да ме побара за жена, откри Георгина во новиот документарец на „Нетфликс“

Аргентинката Гоергина Родригез (27) неодамна сними документарец за „Нетфликс“, во кој раскажува пикантерии од својот живот. Во документарецот, кој го носи нејзиното име, таа раскажува како едвај чека Роналдо да ја побара за жена.

„Тоа не зависи од мене, но би сакала да се случи. Мојата реалност набргу ќе ја видите на ‘Нетфликс’. Едвај чекам да ја видите. Многу сум возбудена“, рече таа.

Георгина во документарецот ќе раскаже како се запознале со Роналдо. Како се запознале во дуќанот каде што таа работела и како фудбалерот се заљубил во младата продавачка.

„Го запознав Кристијано едно лето, беше четврток, кога тргнав да го затворам дуќанот. Тогаш сретнав згоден црн маж, висок речиси два метра. Сега имам 27 години, а мојот живот целосно се промени пред пет години“, раскажа таа.

Георгина на почетокот не била во најдобри односи со мајката на Роналдо, Долорес Авиеро, но сепак таа вели дека му е од голема поддршка на својот син.

„Георгина е добра девојка, а Кристијано е извонреден татко. Има луѓе и кои му помагаат. Децата имаат дадилки и персонал што одработува многу работи. Четири деца бараат многу работа. Георгина му е од голема поддршка на Кристијано, тука нема сомнеж“, рече мајката на Роналдо, Долорес Авиеро (66), за „Дејли мејл“.

 

Scroll to Top