Екс-љубовницата на Доналд Трамп прошета низ црвениот тепих во Лас Вегас

Синоќа во Лас Вегас беше одржана церемонијата на доделувањето на АVN наградите (оскари за порно актерите), на кој присуствуваше и Стефани Клифорд, позната како Сторми Даниелс. Таа во последно време е во жижата на јавноста поради своите наводни сексуални врски со претседателот на САД Доналд Трамп од 2006 година.

Таа синоќа блесна во Лас Вегас додека шетала по црвениот тепих, додека позираше на фоторепортерите, кои се трудеа да го забележат секој детал.

Порно актерката носела свечен фустан во согласност со моментот, а нејзиното огромно деколте дефинитивно го привлече најголемото внимание.

Таа во последните недели го привлече вниманието на јавноста поради својата наводна афера со Доналд Трамп. Медиумите објавија вест дека адвокатот на Трамп во 2016 година, пред американските избори и платил на Сторми Даниелс сума од 130.000 долари, за да податоците за наводната афера не ги изнесе во јавност.

Но, се чини дека оваа русокоса во 2011 година за еден магазин ги раскажала сите пикантни детали за својата наводна врска со Трамп.

Двојката се запознала на еден голг турнир во 2006 година, а набрзо потоа заедно вечерале во хотел. Потоа имале секс, за кој порно актерката изјавила дека не е ништо посебно.

 

Сторми Даниелс одлучила да ги искористи своите пет минути слава па почнала со турнејата „Да ја запалиме Америка повторно“.

Планирано е да има повеќе стриптиз настапи.

Според најновите информации, таа во вторникот требало да се појави во популарната емисија на американскиот водител Џини Кимел.

Што Меланија изјави за наводната афера на својот сопруг?

После медиумското молчење, по повод наводната афера на својот сопруг, Меланија конечно одлучила да се обрати на јавноста.

Имено, нејзината портпаролка Стефани Гришам, го критикуваше „изнесувањето на валканиот веш и лажното известување“.

Таа се огласи откако Меланија ги откажала своите планови да му се приклучи на Трамп на Светскиот економски форум во Давос.

Нејзината одлука да не патува е објавена на 13 годишнината од бракот на оваа двојка.

 

 

 

Scroll to Top