Експерти и аналитичари за говор на тело, објаснуваат зошто кралската двојка принцот Хари и Меган Маркл постојано се држат за раце.
Брачната двојка повторно се појавија заедно држејќи се за раце, за време на посетата на Мелбурн. Експертите се позанимаваа со однесувањето на кралската двојка, за време на нивното прво меѓународно патување и објавата на веста за доаѓањето на приновата на свет.
Меган и Хари не се воздржуваат да ги покажат чувствата во јавност, но експертот за говор на тело Џуди Џејмс вели за „Мејли Онлајн“ дека двајцата имаат таен начин на комуникација во одредени моменти, особено кога не се во можност да разговараат.
„Тоа им помага и двајцата убаво да се движат, да си ги читаат мислите и емоциите еден со друг“, објаснува Џуди.
Еден од вообичаените гестови е моментот кога Хари ја држи Меган за рака и со тоа и дава до знаење дека на тој начин тој претставува нејзин заштитник.
„Меган потребата за чувство за безбедност му ја покажува на начин со тоа што таа му ја стиска раката“, открива Џуди.
При средбата со австралискиот гувернер Питер Косгроув и неговата сопруга, Хари е забележан како со прстот на Меган покажува кон доле. Тоа било знак да се подготви за средба со домаќините и традиционалното поздравување.
„Тоа е сјаен пример за усогласување на комуникацијата која ја користат во јавност за да делуваат и двајцата усохласено и синкронизирано“, објаснува Џуди.
Во моментите кога Хари морал да ја покаже својата доминантност, малку ја повлекува Меган за раката за да и даде до знаење дека мора да побрза.
„Ваквиот потег често го гледаме за време на кралските посети, на кои Меган ќе се заборави во разговорите со нејзините домаќини“, вели Џуди.