Елен де Џенерис го продава домот за 33 милиони долари

Комичарката Елен де Џенерис и нејзината сопруга, актерката Порша де Роси, живеат во раскошна вила на Беверли Хилс во Калифорнија. Вилата има околу 750 метри квадратни. Ентериерот на вилата Елен го покажа во нејзината книга каде што раскажува за својата страст за уредување куќи, кои потоа ги продава. Елен досега уредила и продала седум куќи, а во одреден дел од животот и живеела во нив.

Вилата што Елен и Порша ја платиле 17,4 милиони долари ја дизајнирал Хал Левит 1956 година. Тој е архитект на славните личности, а дизајнирал куѓи и за Дин Мартин и за Стивен Спилберг.

Куќата има пет спални соби, прозорци од подот до таванот, трпезарија со голема тераса со поглед кон базенот и голем двор за одмор. Вилата има и музичка соба, соба за забава, бар, а една спална соба е претворена во вежбалница.

Елен во моментов ја продава куќата, а за неа бара 33,7 милиони долари.

Scroll to Top