Елизабет Харли своето згодно тело, освен на генетиката, ѝ го должи и на јогата, вели. Таа вежба јога од младоста, па воошто не изгледа како да има 52 години. Британската актерка редовно објавува фотографии на својот инстаграм-профил, а на многу од нив вежба јога.
Таа редовно во медиумите зборува за здрав начин на живот, а неодамна ги открила трите активности на кои се должи нејзиниот одличен изглед.
„Кога ќе ја преминете четириесеттата, можете да почнете да се занимавате со аеробик или едноставно помалку да јадете. Јас обожувам да јадам, па затоа комбинирам аеробик, јога и пилатес“, рекла Харли.