Елизабета Втора го слави 95. роденден: Првпат е откажан традиционалниот портрет на кралското семејство

By

Британската кралица Елизабета Втора денеска го прославува својот 95 роденден. Таа роденденот ќе го прослави без традиционалната воена парада која се одржува секоја година. Овој пат поради пандемијата со коронавирусот, парадата ќе биде откажана. Ова е веќе втора година како кралицата го прославува роденденот без одржувањето на традиционалната воена парада.

Извори блиски до палатата откриваат дека таа роденденот ќе го прослави со блиски членови од кралското семејство. Годинава исто така нема да биде објавен традиционалниот портрет на кралското семејство, поради смртта на принцот Филип. До петок ќе траат деновите на жалост за војводата од Единбург.

Портпаролот на британското Министерство за одбрана потврдил дека ниту оваа година, нема да има почесна стрелба од лондонскиот Хајд парк, како ни јунска прослава на родендените познати како „Поздрав на боите“.

Ќе ви се допадне