Елтон Џон ќе заработи над 13 милиони долари од „Кралот лав“

Елтон Џон може да заработи повеќе од 13 милиони долари за музиката на новиот филм „Кралот лав“, пишуваат британските медиуми. Бидејќи филмот веќе постигнува успех во кино-салите, Британецот може да
заработи и до 15 милиони долари за авторски права, од продажбата на билети и албуми со филмската музика.

Филмот кој ја имаше светската премиера минатата недела, за цртаниот филм од 1994 година ги напиша песните Сircle of Life, I Just Can’t Wait To Be King, Can You Feel the Love Tonight, Never Too Late и други. Дел од овие песни, со друг текст, се вклучени и во новиот филм. За песната Can You Feel the Love Tonight, Елтон Џон доби Оскар за филмска музика во 1995 година и оттогаш секоја година заработува по неколку милиони долари од авторските права за песните.

Scroll to Top