Елтон Џон од авион фрли торба „Гучи” од 4.000 долари

Британскиот музичар сер Елтон Џон, направил сцена на аеродромот во Сиднеј, пишува „Дејли меил“. Популарниот музичар во моментот кога излегол од својот приватен авион, фрлил по скалите торба „Гучи“ од 4.000 евра и бесно влегол во автомобилот што бил паркиран на пистата. Еден човек од неговата придружба ја зел торбата како ништо да не се случило. Но, британските медиуми пишуваат дека 72-годишниот музичар сè почесто се однесува како разгалена ѕвезда.

Ова не е прв испад на Џон изминатава недела. Тој во саботата ги навредуваше чуварите на стадионот во Перт за време на неговиот настап. На снимката од концертот се прикажани чуварите кои се обидуваат да отстранат жена која се приближила до сцената, а пејачот им довикува: „Еј! Вие двајца морони. Тргнете се од тука! Оставете ја. Така не се третираат дамите, дебили и кукавици.“

Причината за неговото однесување наводно е смртта на мајката на неговиот сопруг, Дејвид Фурниш.

Scroll to Top