Елтон Џон преживеал драма во авион над Ирска

Британскиот музичар Елтон Џон доживеал вистинска драма за време на летот над Ирска. Пејачот требало да замине за Њујорк, но поради проблемите со хидроуликата, пилотот морал да слета во Ирска. Силното невреме и ветер само дополнително ги влошило работите.

Медиумите пренесоа дека поради ужасното време, пилотот не бил во можност да слета од прва.

„Многу луѓе се собраа кога слушнаа дека Џон има проблеми. Кога авионот повторно се појави на видик, како пилотот би можел уште еднаш да слета, силниот ветер и бура само ги влошија работите“, рече водоинсталатерот Филип Томпсон, кој бил сведок на настаните.

Сè се случи на висина од околу 3.000 метри над Ирска. Итната помош пожарникарите и полицијата веднаш се нашле на местото на настанот за да ја расчистат пистата.

„Беше страшно да се гледа. Сигурно никој не сакаше да се менува со местото на Џон во тој мал авион. Се обложувам дека се молел за време на летот“, рече Томпсон.

За потсетување, пилотот успешно слета на пистата, а Елтон Џон со првиот достапен авион потоа замина за Њујорк.

Scroll to Top