Британскиот музичар Елтон Џон јавно застана во одбрана на војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл. Џон напишал на „Твитер“ дека е вознемирен од искривените и злонамерни известувања на медиумите за неодамнешното патување на брачната двојка со бебето Арчи во Ница во Франција.
Изминатите неколку дена во јавноста излегоа матни фотографии од кралското семејство, како излегува од приватен авион. Медиумите истакнуваа дека во прашање е нивно трето патување со приватен авион. По написите гневот на јавноста се зголеми, а многумина коментираа дека нивните приватни летови понекогаш знаат да бидат скапи.
Елтон Џон, кој е долгогодишен пријател на мајката на Хари, покојната принцеза Дајана, пишува дека тој и неговиот партнер Дејвид Били го платиле приватниот авион за Хари и Меган, велејќи дека на тој начин сакале да придонесат за високото ниво на безбедноста на кралската двојка.
„По напорните години тешка работа и посветеноста во добротворната работа, Дејвид и јас сакаме на кралската двојка да им овозможиме да имаат приватен одмор во сигурноста и мирот во нашиот дом“, напишал Џон.
Музичарот ги обвини медиумите дека допринеле за прераната смрт на принцезата Дајана. Дајана загина во Париз во 1997 година, а седум фотографи беа обвинети за нејзино убиство од невнимание. Обвиненијата против нив подоцна беа отфрлени.