Елтон Џон снима албум со Дуа Липа и Ники Минаж

Британскиот музичар Елтон Џон го снима новиот албум на кој соработува со Ники Минаж, Мајли Сајрус, Дуа Липа, Еди Ведер, Стиви Вондер и Стиви Никс. Албумот Тhe Lockdown Sessions ќе излезе на 22 октомври, а има 16 песни инспирирани од пандемијата.

„На овој албум ќе има нешто досега непознато за мене: хип-хоп, кантри, денс музика, и понекогаш сето тоа во една иста песна. На почетокот на кариерата работев како сешн музичар и ова малку ме потсети на тоа, па може да се каже дека со новиот албум правам полн круг. Ова беше феноменално искуство, особено што некои од песните се снимени на далечина“, рече тој.

Новиот албум Елтон Џон почнал да го прави откако мораше да ја прекине неговата проштална турнеја лани во март. Тој од ток-шоуто Rocket Hour се запозна со повеќето од музичарите со кои соработува на албумот.

 

Scroll to Top