Елтон Џон тргнува на проштална турнеја

Британскиот пејач Елтон Џон следната година ќе ја продолжи својата последна турнеја низ Европа и Северна Америка, која беше прекината поради пандемијата со коронавирусот. Пејачот одреди 30 датуми кога ќе ги одржи концертите.

Џон ја почна прошталната турнеја наречена Farewell Yellow Brick Road во 2018 година, предвидувајќи повеќе од 300 концерти низ целиот свет за три години.

Тој ќе настапи на Берси, кој сега се вика Акор Арена, на 10, 12 и 13 октомври оваа година, на три распродадени концерти кои беа планирани за октомври минатата година.

Продолжението на турнејата ќе почне во мај 2022 година во Франкфурт, а ќе заврши шест месеци подоцна во Лос Анџелес.

На 11 јуни 2022 година ќе настапи во Париз, во Ла Дефенс Арената, на последниот концерт во Франција, објави неговата продукциска куќа, пренесуваат британските медиуми .

По европската и северноамериканската турнеја, во почетокот на 2023 година се планирани уште четири концерти во Австралија и Нов Зеланд.

Scroll to Top