Елтон Џон тргнува на проштална турнеја

Со концертот што ќе се одржи вечерва во Алентаун, Пенсилванија, 70-годишниот музичар Елтон Џон ја почнува својата прооштална турнејата. Турнејата ќе има 300 концерти, ќе се одржи на пет континенти и ќе трае до 2021 година.

„Иако нема да одржувам концерти, ќе продолжам да создавам музика. Сега имам желба само да сум што е можно повеќе време со семејството“, рече пејачот во едно скорешно интервју.

Елтон Џон е оженет со Дејвид Фурниш, со кого има две деца. Во текот на долгата кариера одржал преку 4.000 концерти во повеќе од 80 земји низ целиот свет, има 31 платинест и 38 златни албуми. Неговиот сингл Candle in the Wind од 1997 година, посветен на трагичната смрт на неговата блиска пријателка, Лејди Дијана, е најпродаваниот во историјата на музичката индустрија.

Scroll to Top