Ема Стоун ќе биде новата Круела Девил

Ема Стоун ќе биде новата Круела Девил. „Дизни“ ја направи првата фотографија од познатата негативка во новиот флм. Оскаровката ќе ја игра младиот крадец на далматинци во алтернативно издание. „Дизни“ прави нова верзија на класикок „101 Далматинец“ од 1961 година, кој ќе го носи насловот „Круела“.

Во филмот покрај Стоун ќе ги гледаме и Пол Волте Хаусер, Џоел Фрај и Ема Томпсон. Филмот ја следи приказната на жената која е опседната со бунди. Круела во кината ќе почне да се прикажува на 28. мај 2021 година.

По „Злобница“ со Анџелина Џоли, ова е втор филм на „Дизни“ каде во главната улога е негативецот. Првиот филм за „101 Далматинец“е снимен 1996 година, а Круела ја толкува фантастичната Глен Клос.

Scroll to Top