Оскаровката Ема Томпсон со сопругот Грег Вајс, се отсели од Британија, заради излегувањето на земјата од Европската Унија. Тие решија да живеат во Венеција, Италија каде што неодамна купија куќа. Минатата недела Ема и Грег добија италијанско државјанство. Тие интезивно го учат италијанскиот јазик.
„Италија е остварување на мојот сон“, им рече таа на новинарите на италијански јазик.
Нејзината преселба не беше изненадување, зашто Ема зборуваше дека Брегзит е чиста лудост.
„Глупост е да не се гласа за останување на Британија во ЕУ. Треба да зборуваме за поместување на границите, а не за нивно градење“, изјави Томпсон уште во 2016 година.
Двојката, без обзир на новото државјанство, ги задржа британските пасоши.
Ема и Грег имаат две деца, синот Тинди (32), посвоен како жртва на геноцидот во Руанда во 1994 година и ќерка Гаја (20).