Емануел Макрон се вљубил во мајката на негова соученичка

Бриџит и Емануел Макрон се визија на љубовта, вели ќерката на првата дама на Франција, која неодамна во ТВ документарецот проговорила за љубовта на својата мајка.

Тифани Озијер (34) вели дека љубовната врска на нејзината мајка и нејзиниот 15 годишен ученик почнала во еден мал град Амиенс во 1990 година. Тогаш Тифани имала девет години.

„Беше очигледно дека се вљубени еден во друг, а истовремено тоа беше многу тешка ситуација“, вели Тифани.

Таа наведува дека за Макрон слушала прв пат од својата постара сестра Лоренс, која еден ден пристигнала дома, и проговорила за едно блесаво момче кое во класот знае за се и сешто.

Во филмот се споменува дека Макрон на својата професорка и изјавил љубов на 16 години, како и дека неговите родители го замолиле да престане да се гледаат додека не наполни 18 години.

„Не можам ништо да ветам“, во документарецот ги цитирале зборовите на Бриџит.

Нејзиниот гогашн сопруг, Андре Луис Озијер, го напуштил семејниот дом и се преселил во друг град кога открил дека неговата сопруга има афера со тинејџер.

Сегашниот претседател на Франција го испратиле на школување во Париз, па двојката по 13 години ја одржувала врската на далечина. Во 2007 година се венчале.

„Ако морам да ја дадам својата визија на љубов, тоа би биле Емануел и мама“, вели ќерката на Бриџит и додава:

„Кога се заедно се чини дека светот не постои“.

Бриџит Макрон одбила да говори за документарец, но дозволила тој да биде објавен.

Се вели дека Макрон напишал еротски роман на основа на романсата за Бриџит, но дека тоа никогаш не е потврдено.

Бриџит од Макрон е постара 25 години.

 

 

 

Scroll to Top