Емили Ратајковски е против забраната за абортус

Светскиот модел Емили Ратајковски се приклучила во кампањата на голем број славни жени низ Америка и јавно го изнела својот став против новиот закон потпишан од гувернерката на Алабама со кој се забранува лекарите да извршуваат абортус во оваа држава.

Емили, освен фактот што на жените им се одзема правото на избор, вели дека особено била бесна што ваквата одлука за забрана на абортусот во Алабама ја донеле 25 бели мажи.

Законот ќе стапи на сила шест месеци по потпишувањето на истиот од страна на гувернерката Кеј Авји. Кога законот ќе стапи на сила, во државата Алабама ќе се забрани абортусот во секакви случаи.

„Оваа недела 25 стари белци гласаа за забрана за абортус во Алабама, дури и во случаите на инцест и силување. Тие луѓе на власт ја наметнуваат својата волја над женските тела со цел да одржат патријархат и го продолжат индустрискиот затворски комплекс. На овој начин тие ги спречуваат жените со ниски економски можности да одлучат да не сакаат да раѓаат. Државите кои се обидуваат да го забранат абортусот се држави кои имаат највисок процент на црни жени. Сè се врти околу класата и расата и станува збор за директен напад на основа на човековите права, кои жените во САД ги заслужуваат и кои ја штитат пресудата во случајот Роу против Вејд. Наше тело, наш избор“, напишала Емили.

 

Scroll to Top