Емили Ратајковски уапсена во Вашингтон

Mанекенката Емили Ратајковски беше приведена вчера во Вашингтон додека протестираше против Брет Кавано, судија кого Доналд Трамп го предложи за врховен судија на САД. Против Кавано се води судски процес за сексуално вознемирување. Освен Емили беше уапсена и глумицата Ејми Шумер и уште 300 други демонстранти.

„Бев приведена денеска на протестите против човекот кој е обвинет од повеќе жени за сексуално злоставување. Човек што е непримерен кон жените не може да биде на така моќна функција. Потврдата на неговата кандидатура е пораката кон жените во оваа земја дека не се важни. Барам Владата да ги почитува и поддржи жените еднакво како и мажите“, напиша Ратајковски на својот „Инстаграм“ откако ја пуштија од полиција.

Досега три жени го обвинуваат Кавано за сексуален напад. Едната од нив ја застапува адвокатот Мајкл Авенати, кој ја застапува и порно-глумицата Сторми Даниелс во спорот со Трамп. Тој судски се обидува да го поништи договорот што Даниелс го имала со американскиот претседател Доналд Трамп да молчи за нивната наводна врска пред повеќе од десет години.

Scroll to Top