Еминем пак објави албум без најава

Светската ѕвезда Еминем без најава го објави неговиот нов албум, Music To Be Murdered By. Ова е 11. студиски албум на популарниот рапер, а се појави речиси две години по албумот  Kamikaze, кој исто така го објави без претходна најава.

Освен албумот, Еминем објави и спот во кој повикува на промена во законите за оружје. Во спотот за песната „Темнина“, една од 20-те на новиот албум, е прикажано пукање на концерт, што алудира на масакрот на кантри фестивалот во Лас Вегас во 2017 година, кога беа убиени 58 луѓе.

„Кога ќе заврши сето ова? Кога на доволно луѓе ќе им биде гајле“, вели Еминем на крајот на спотот и ги повика Американците да гласаат за промена на законот.

На новиот албум Еминем има соработки со Ед Ширан и со младиот рапер Џус ВРЛД, кој почина во декември.

Scroll to Top