Ен Хатавеј повторно ќе стане мајка

By

Актерката Ен Хатавеј повторно ќе стане мајка, пишуваат светските медиуми. Веста со своите обожаватели ја сподели актерката на „Инстаграм“.

„Сите вие кои минувате низ пеколна неплодност, знајте дека и мене не ми беше лесно да забременам ни првиот, ни вториот пат. Ве сакам сите“, напишала Хатавеј.

Ен и нејзиниот сопруг Адам Шулман се венчаа во 2012 година, а четири години подоцна, го добија синот Џонатан Роузбенкс. Година дена подоцна медиумите пишуваа дека Ен сака уште деца, но сакала Џонатан малку да порасне.

Актерката признала колку родителството ѝ го променило погледот на светот, особено во кариерата.

„Пред да го родам Џонатан чувствував силен притисок дека распоредот постојано треба да ми биде полн. Кога не работев, имав чувство дека си го губам времето. Сега понекогаш едноставно не можам да работам, затоа што ми е важно да бидам дома со моето дете. Не ми е тешко поради тоа. Купувам помалку, но готвам, читам, пишувам и комуницирам повеќе. Обезбедувам повеќе време за работите што ми се важни“, вели Ен.

Актерката изјавила дека повеќе нема да пие алкохол додека нејзиниот син не наполни 18 години и сè додека живе во нејзината куќа.

 

Ќе ви се допадне