Енди Мареј стана витез

Британскиот тенисер Енди Мареј и официјално ја доби титулата витез. Него за витез го прогласи принцот Чарлс се случи во Бакингамската палата, две години откако кралицата Елизабета Втора му го даде ова признание. Британскиот тенисер титулата ја доби во 2016 година, кога освои две Гренд слем титули (Австралија опен и Вимблдон), а летото го одбрани и златниот медал на Олимпијадата во Рио де Жанеиро. Т

„Ова беше прекрасен ден за дружење со семејството и родителите. Сакав да ги понесам и децата на церемонијата, но премлади се. Ќе го видат медалот кога ќе се вратам дома“, рече Мареј по свеченоста.

Мареј на почетокот на 2019 година објави дека планира да се повлече од тенисот по Вимблдон поради преголеми болки во колковите. Тој имаше втора, комплицирана, операција на колкот и засега не се знае дали некогаш воопшто ќе се врати на тенисот.

Енди Мареј во кариерата има две злата од Олимпијадите во 2012 година и во 2016 година и 45 победи на АТП турнирите.

Scroll to Top