Енди Мaреј третпат стана татко

Британскиот тенисер Енди Мареј третпат стана татко, откако неговата сопруга Ким Сирс роди машко бебе. Веста за раѓањето на бебето за британските медиуми ја потврди мајката на Енди.

„Момче е. Сè уште не го знаеме името. Ја видов фотографијата. Пресреќна сум што сè е завршено и тие се добро“, рече таа за „Сан“.

Инаку, тенисерот веќе има две ќерки, тригодишната Софија и двегодишната Еди. Тој неодамна се пошегува дека и покрај повредите сака да се врати на тенисот затоа што „кога е дома само прави деца“.

 

Scroll to Top