Ерик Бана во нова трилер-серија

Австралискиот актер Ерик Бана се приклучува во тимот и ќе го глуми насловниот лик во ТВ-серијата „Валканиот Џон“ на продукциската куќа „Ен-би-си јуниверзал“.

Приказната е заснована на вистински настани, а централен лик е криминалец кој почнува врска со својата партнерка Дебра (Кони Бритон) и ја внесува во заплеткан лавиринт од мрачни тајни, лаги, одрекување и, најпосле, борба за живот.

Првично, предвидено е серијата да има две сезони.

Scroll to Top