Ерик Клептон го губи слухот

By

Легендарниот рок-гитарист Ерик Клептон  соопшти дека боледува од тинитус, состојба што го влошува слухот, а исто така и рацете не го служат како порано.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека е свесен дека му претстојат големи предизвици бидејќи му е сѐ потешко да свири.

Славниот музичар за BBC изјави дека чувствува „шум во внатрешното уво“, но продолжува да работи и во јули ќе свири на Британскиот летен фетивал во Хајд Парк.

„Загрижен сум, го губам слухот“, рече Клептон, кој лани имаше проблеми со болки во грбот, а  подоцна и со болест на периферните нерви.

„Се надевам дека луѓето ќе дојдат да ме слушаат, а не да ме видат од љубопитност. Знам дека ќе има и такви, бидејќи е неверојатно што уште сум тука“, рече 72-годишниот Клептон.

Ќе ви се допадне