Ерос Рамацоти пристигна во Скопје

Светската музичка ѕвезда Ерос Рамацоти денеска пристигна во Скопје. Тој утревечер (30 септември) во 20 часот ќе одржи концерт во А1 Арена во Скопје.

Музичарот пристигна со комплетно своја продуцкија звук, светло и видео. За Репортер изјави дека дека не слушал многу за Македонија, но дека тоа е доволна причина да биде возбуден пред концертот во Скопје.

„Секогаш чувствувам посебен адреналин кога настапувам во градови во кои никогаш не сум бил“, изјави Ерос за Репортер пред скопскиот концерт.

Неговото гостување во македонската метропола е во рамките на неговата светска турнеја, која почна на 17 февруари 2019 година, на која го промовира најновиот студиски албум со наслов Vita Ce N’è (којшто излегува на 23 ноември), а која ќе ги опфати сите континенти.

Ексклузивно интервју со Ерос Рамацоти: Ми велеа дека имам лош глас и дека никогаш нема да бидам ѕвезда

Scroll to Top