Ештон Качер и Мила Кунис ја издаваат својата куќа на плажа во Калифорнија на „Ер би ен би“

Холивудската двојка Мила Кунис и Ештон Качер ја понудија својата куќа на плажа во Калифорнија на сосема непознати луѓе и тоа бесплатно. Се што ви треба е да се регистрирате преку платформата „Ер би ен би“.

Куќата се наоѓа во Санта Инез, Калифорнија и има поглед на океанот од едната и планините од другата страна. Може да прими четири лица, а куќата се издава само за една ноќ.

Кучер и Кунис на своите гости им нудат незаборавен летен престој.

Оваа „навистина глупава идеја“ дошла од Ештон Качер кој и рекол на сопругата дека треба да поканат сосема непознати луѓе да дојдат и да поминуваат време со нив на плажа. Во видеото направено надвор од куќата, актерката вели дека луѓето навистина ќе уживаат во тоа место, на што Качер одговорил: „Во ред, тогаш ќе го направиме тоа“.

Пријавувањето на гостите започна во средата навечер, а во понуда имаат само еден ден – сабота. Гостите ќе ги пречека познатиот пар и ќе ги третира со гостопримство како да се стари пријатели, а домаќините за време на нивниот престој ќе обезбедат храна и ужина.

За да влезете во куќата на Кучер и Кунис, треба да имате профил на „Ер би ен би“ со добри препораки, да обезбедите копија од вашата лична карта и да ги информирате сопствениците за какви било алергии или специфики кога станува збор за исхраната.

Идејата на двајцата актери се појави во медиумите, но не е премногу оригинална бидејќи истото пред нив го направи и актерката Гвинет Палтроу.

Таа го издаде својот дом во Монтесито на „Еар би ен би“ за 9 септември. Куќата, која има само една спална соба и една бања, може да прими двајца гости.

Scroll to Top